Wednesday, April 20, 2016

Саат-кулата во Прилеп

Саат кулата е изградена во центарот на Старата чаршија во 1858 година, на местото на постара дрвена Саат кула, која што изгорела во пожар, што ја зафатил целата Стара чаршија во 1854 година.
Ја изградиле познатите прилепски мајстори, Коста Лауц и Ристе Тасламиче.
Кулата е градена на шестоаголна основа со масивни делкани камени блокови во висина од 20,50 метри и скелетен систем од дрвена конструкција. Вкупната висина на објектот е 38,76 м. Интересен податок за Саат кулата во Прилеп е тоа што таа има инклинација од 114,4 см.
Во 1985 година, од страна на проф. доктор Борис Чипан е изготвен Проект за конзервација на Саат кулата, кој беше реализиран во текот на 1986 година.
Во 2010 година институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија од Скопје по барање на прилепскиот Музеј изготви идеен проект за санација и стабилизација на инклинацијата на Градскиот Саат, со што би се спречил прогресивниот процес на навалување.
Во 2013 година е извршена санација и стабилизација на Градскиот Саат во вредност од 5 милиони денари.

Саат кулата има натпис на влезот:
„Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето.
За животот и времето што минува,
саттот жали и вика: Ах!
Новиот саат изграден во 1275 хиџра
(11.08.1858-30.07.1859)
Пожарот се случи 1271 хиџра
24.09.1854-12.09.1855)
Благодарност на Алах“
Преведено од Ахмед Шериф

Под саат кулата се наоѓа Градска чешма. Според мермерната плоча која е вградена во неа, таа е изградена во 1826 година, најверојатно кога постоела и дрвената кула.
Чешмата ја подигнал Саид Ага во 1826 година, а ја обновил Есад Ага во 1836 година а последната поправка на чешмата била извршена во 1896 година

Спорт во Прилеп

Клубот е формиран во 1941 година. Најпрво под името „Гоце Делчев“ за подоцна да го промени во денешното име „Победа“ кое го носеше до распаѓањето. Во поранешната СФРЈ шест пати е првак на Македонија и тоа во сезоните: 1958/59, 1961/62, 1962/63, 1978/79, 1980/81 и 1985/86 со тоа освојувајќи најмногу шампионски титули во тогашната Републичка лига. Никогаш не успева да влезе во најквалитетната прва лига иако на неколку пати е на чекор од неа.
Од осамостојувањето на Македонија се натпреварува во најквалитетното друштво и секогаш е на самиот врв а ги има освоено и шампионските титули во сезоните 2003/04 и 2006/07 и пехарот во националниот куп во сезоната 2001/02. Натпреварите ги играат на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп кој има капацитет од 15.000 гледачи, а настапуваат во традиционалните црвено-бели дресови. Поради местењето натпревар со ерменски ФК Пјуник, Победа беше казнета од УЕФА и ФФМ и беше остранета од Првата лига.
до 2014 година Ф.К. Победа не смееше да се натпреварува во никоја лига во Р. Македонија.
Сега Победа се натпреварува во Втората Македонска фудбалска лига.
            

                                                                                 Амблемот на Ф.К. Победа

Monday, April 18, 2016

Прилеп — град во Македонија, сместен во северниот дел на Пелагониската Котлина, во јужниот дел на Република Македонија, до него се стасува преку магистралниот пат М-5. Има 73.925 жители и површина од 1.675 км². Се наоѓа на 128 км од главниот град Скопје.Прилеп е познат како „градот под Марковите Кули“ поради неговата близина до кулите на легендарниот херој Крали Марко (во Прилеп нарекуван Крале Марко).Градот е одликуван со орден на народен херој на Југославија на 7 мај 1975 и е еден од осумте одликувани града во СФР Југославија со овој орден. Покрај тоа носители на овој орден се уште 14 лица кои потекнуваат од Прилеп и Прилепско.Прилеп е седиште на истоимената Општина Прилеп.Во Прилеп се наоѓа таканаречениот парк на непобедените и уште многу други значајни знаменитости.

Саат-кулата во Прилеп


Карпалак

Могилата на непобедените