НТ „Војдан Чернодрински“ од Прилеп
е еден од единасетте професионални театари, колку што ги има, во Македонија.
Основан е во 1949 година и во континуитет работи 59 години како професионален театар. На својата сцена има поставено над 300 премирени изведби и одиграно околу 6500 претстави, односно, просечно секоја година (театарска сезона) има 5-6 премиери и 100-120 претстави.
Ансамблот е со 15 постојано вработени актери и 20 лица од технички и административен пресонал.
На прилепската сцена поставени се скоро сите значајни дела од светската класика и современата драматургија. Гостувале (режирале) познати режисерски имиња од Македонија, како Љубиша Георгиевски, Владимир Милчин, Бранко Ставрев, Коле Ангеловски, Сашо Миленковски и др.
Театарот има остварено низа значајни гостувања надвор од Македонија, како во Бугарија, Албанија, Србија, Хрватска, Словениja,
Црна Гора, Босна и Херцеговина и во Австралија.
| Сцена од претстава (1950-1954) |
| Народинот театар „Војдан Чернодрински’’ |
No comments:
Post a Comment